Кумановските пензионери со ниски пензии од денеска користат бесплатен градски превоз, соопштија денеска надлежните од здружението на пензионери Куманово. Одлуката ја донесе советот на општината.
– „Благодарни сме за поддршката која ја добивме од локалната власт и која ќе помогне за ублажување на последиците од економско-енергетската криза за нашите членови што имаат пензија до 13.000 денари“ – изјави претседателот на Здружението, Благе Јакимовски.
Пензионерите поднесуваа барања со последниот чек од пензијата и со документ за идентификација. Картите се изработени и поделени. И претходно, во 2020 година, околу 400 кумановски пензионери користеа бесплатен превоз. Здружението има околу 14.000 членови.