Баско Трејд 2014 Скопје е лидер на македонскиот пазар за алкохолни пијалоци и завзема околу 50% од целокупниот увоз на алкохол во Република Македонија. Со директната дистрибуција и синхронизираната реакција за потребите на потрошувачите, овозможен е углед на “домашна” компанија бидејќи жителите на Македонија го доживуваат Бадел како сопствен домашен бренд.
Основната дејност на компанијата е продажба и дистрибуција на јаки алкохолни пијалоци, при што најголемиот дел од реализацијата и потрошувачката (79%) се остварува во on-trade секторот.
Производите кои ги дистрибуира Баско Трејд 2014 Скопје се неизоставен дел од асортиманот на сите локали и трговски ланци. Понудата опфаќа повеќе од 120 производи од светски брендови јаки алкохолни пијалоци.
Компанијата Баско Трејд 2014 е основана во 1991 година како Бадел трејд, а во согласност со тековните економски трендови во 1997 година го променува својот назив во Бадел ДОО Скопје.
Во моментот распишуваме конкурс за вработување на кандидати за следните позиции:
Унапредувач на пазар - Хорека
Сите детали се наоѓаат на линкот
Магацински работник
Сите детали се наоѓаат на линкот