
Иако повеќето градови чекаат до крајот на ноември или почетокот на декември со божиќни украси и светилки, Лондон веќе ги украси своите улици.
Пред неколку недели почнаа да се подготвуваат за Адвент, а на 2 ноември се одржа официјалното палење на светилките на улицата Оксфорд, една од најпосетуваните туристички улици во градот. Лондонската божиќна бајка изгледа прекрасно.
Светлата наскоро ќе бидат вклучени и во другите делови на Лондон.
На 8 ноември ќе блеснат Карнаби и Ковент Гарден, на 9 ноември улицата Реџент и Св. Џејмс, а потоа и сите други области, улици и плоштади.