Маркетинг, бренд стратегија и графички дизајн како најбарани вештини
Хонорарната работа е одличен начин за стекнување на работно искуство. Преку овој начин на заработка вие ги избирате проектите на кои сакате да работите и притоа имате можност да заработите дополнители приходи. Едно од најголемите прашања што си го поставува секој што размислува да започне со хонорарна работа е дали тоа е добар избор за долгорочна кариера.
Во Америка повеќе од 57 милиони луѓе се хонорарни работници кои работат од дома. Се смета дека дури 43% од работната сила на САД ќе работи хонорарно до 2020 година. Во Европа, Шпанија и Словачка имаат 13% стапка на самовработување, додека таа бројка во Италија изнесува 21%. Доколку и вие размилсувате да започнете да заработувате од комфорот на вашиот дом, погледнете ја листата на некои од најпосетуваните сајтови:
Freelancer е платформа каде што можете да најдете хонорарна работа од областа на веб дизајнот, интернет маркетинг и програмирање. Сајтот е прилично лесен за користење и доста популарен.
WP Hired е совршено место за сите WordPress професионалци. На сајтот можете да го изберете регионот каде се нуди работата, да кликнете на опцијата "категорија" и да влезете во бесконечните хонорарни можности.
Upwork е една од најголемите платоформи каде можете да си прикачите ваше портфолио и веднаш да почете со заработка. Сајтот содржи 12 категории каде ќе можете да се пронајдете и да ги презентирате вашите вештини.
Прочитајте и: Upwork - најдобар начин да заработувате од дома
Freelance Writing Jobs е одлично за оние кои се добри со пишаниот збор: уредници, писатели, блогери и издавачи. Можете да пишувате на најразлични теми, од совети за здравје до рецепти.
Samshing Jobs е посебен дел од Smashing Magazine и истиот им помага на дизајнерите и пограмерите да најдат како хонорарна, така и работа со полно работно време.
Working Nomads за себе велат дека ги нудат најдобрите дигитални работни места за оние кои сакаат да ја започнат својата телекомуникациска кариера. Нудат 15 категории каде најактивна е категоријата: развој.
Guru има преку 3 000 000 членови во светот. Тука се бараат: програмери, адвокати, архитекти, инжинери и преведувачи. Можете да си ја одберете вашата работа по локација, категорија или тип на работа.
Simply Hired нуди хонорарни работи во повеќе од 24 земји на 12 различни јазици. Оваа платформа содржи сопствен блог со совети за вработување. На него истотака можете да најдете работа од било која област.