Во потрага сте по работа од соништата? Дали би работеле на Малдивите?
Книжата на Малдивите бара некој кој сака да работи таму. Станува збор за работа во ресортот “Senova Fushi“.
Позиционирани на Индискиот океан, Малдивските острови се најпознати по коралните гребени, неверојатните песочни плажи и туризмот кој е во постојан подем.
Па така, во ова одморалиште одлучиле да одат чекор понатаму и да им понудат на гостите библиотека за читање книги на плажа.
Човекот кој стои зад овој оглас за Гардијан рекол дека платата е солидна, но придобивките кои доаѓаат со работното место се навистина неверојатни.
Идниот продавач на книги на пустиот остров ќе живее близу ексклузивниот ресорт и ќе ужива во сите погодности како и туристите, а за тоа ќе добива плата.