Во малата германска општина Антелплеин бај Штразунд, новиот градоначалник беше избран со ждрепка, бидејќи првите двајца кандидати имаа ист број гласови.
Општинските власти беа принудени да импровизираат, па користеа пластични „киндер“ јајца за да изберат нов градоначалник.
За нов градоначалник е избран Мартин Дидрих, независен кандидат, кој ќе раководи со општината во следните пет години.
На изборите во општината со околу 1.000 жители, Дидрих и неговиот противкандидат Јенс Ребигер на изборите во неделата добија по 204 гласа.
Поради ист број гласови, според покраинскиот закон за локални избори, прашањето за градоначалник мораше да се реши со ждрепка, пренесува „Танјуг“.
„Користевме киндер јајца, односно пластична жолта топка која обично содржи играчка“, објасни Инес Матерна-Браун.
Таа призна дека инспирацијата за можностите како да се избере градоначалник нашле на интернет врз основа на сличен случај на друга германска општина.
„Имавме чоколадо по изборите“, се пошегува Матерна-Браун во изјавата за новинарите.
Извор: press24.mk