За само неколку дена откако на социјалните мрежи се појавила фотошопирана карта на Европа која прикажува измислена земја која е ставена на Пиринејскиот полуостров, цел свет слушна за Листенбург.
Поводот е исмевање на сметка на Американците и нивното непознавање на географијата.
„Сигурен сум дека Американците не го знаат името на оваа земја“, напишал на Твитер Гаспардо под картата на која со црвена стрелка покажува на земјата меѓу Шпанија и Португалија.
„Кој знае за Листенбург?“, коментирал друг. На интернет по објавата се појавиле над 95 илјади допаѓања, но и многу споделувања.
Некои од луѓето одлучиле да си поиграат уште повеќе, па тврделе дека местото е реално и дека сателитската карта е заменета со оригинал.
На „Reddit“ набрзо потоа се појавил податок дека Листенбург има своја Формула 1 Grand Prix и дека неговите астронаути биле дел од мисијата на Месечината.
Други луѓе пишувале за листенбуршкиот „странски екстремен центар“ чиј лидер ветил подобрување на имиџот на Листенбург во странство, додека пак наводно нивното Министерство за внатрешни работи веќе понудило одговори на сите прашања во врска со визите.
Доколку не сте знаеле, кралот на измислената земја Листен XV бил всушност првиот крал на Сонцето којшто тргнал во војна против Луј XVI за престиж на титулата во 1661 година, а во продолжение може да ја слушнете нивната химна на Јутјуб.