Во Австрија последните денови температурите значително се намалија, а парното драстично порасна.
Во оваа земја на пелети се греат 667.354 домаќинства, чија цена во однос на лани е зголемена за цели 148 отсто.
Гасот со кој се затоплуваат околу 911.000 домаќинства поскапе за 113 отсто, додека нафтата за греење со која се уште се греат околу 509.000 домаќинства поскапе за 105 отсто.
Моментално полнењето на просечен резервоар од 3.000 литри чини 4.820 евра, а пред една година цената беше речиси двојно поевтина.
Поскапе и парното греење кое е најраспространето и кое го користат околу 1,2 милиони домаќинства.
Во просек, бидејќи цените варираат од регион до регион, цената на парното греење скокна за 62 отсто, а во Виена за дури 93 отсто.
Како резултат на тоа, речиси сите енергетски производи што се користат за греење во текот на зимата поскапеа, а нивната цена претставува голем товар за секое домаќинство.
Извор: biznispro.com