Познатиот трговски ланец „Лидл“ од почетокот на овој месец значително ја зголеми основачката главнина - пишува Фактор.
Би можело да ве интересира: Кој е сопственикот на ЛИДЛ?
Дека намерите за инвестиција во земајва се сериозни покажуваат преку внесот на 45 милиони евра или точно 44.500.000 евра, средства кои се запишани во основната главнина на компанијата.
Промената во Централен регистар од компанијата ја направиле на почетокот на месецов, поточно на петти ноември, а промената во ЦР е внесена на 10 ноември. - се вели во текстот на faktor.mk
За упатените ова е знак дека компанијата ќе продолжи со намерите за инвестирање во нашата земја, и појаснуваат дека оваа сума ќе и биде повторно на располагање на компанијата, која потоа може да ги инвестира во недвижен или подвижен имот, како и да послужат за набавки на материјали, обука на вработени.
Соговорниците на Фактор појаснуваат дека средствата што се внесени во главнината не се пари кои одат во државата, туку се средства повторно на компанијата, и средства кои ќе им бидат на располагање. Според нив, овие средства може да се искористат за инвестиции во дистрибутивниот центар кој го најави „Лидл“, но и во набавка на возила кои исто така ќе им бидат потребни, или реновирање и опремување на маркетите кои ќе ги користат, но и во набавка на роба, или пак во обуки на вработените...