Граѓаните не штеделе за купување нов автомобил. И во пандемијата со КОВИД-19, се барало возило плус. За автомобилската индустрија, според официјалните податоци, немало криза. Најпродавани биле автомобилите што се застапени од Порше Македонија, односно фолксваген, ауди, шкода и порше.
И покрај тоа што е лидер на пазарот со најмногу продадени автомобили, Порше не заработил најмногу. Според анализата на Пари, најголема добивка има Мак Аутостар, кој е застапник на мерцедес.
За оваа година, податоците од Европа се позитивни. Втор месец по ред расте продажбата на нови автомобили. Проблемите кои минатата година ги имаа во синџирот на снабдување и недостигот на чипови, веќе се намалуваат. Производителите на автомобили во Европската Унија, Европската зона за слободна трговија и Велика Британија, во септември испорачале над 1 милион возила, што е за 7,9 насто повеќе од лани. Само во Европа продажбата во септември е зголемена за 9,6 %, но е далеку под нивото на 2019 година, односно продадени се една третина помалку возила во однос на состојбата пред пандемијата. Во однос на минатата година, пак, за првите десет месеци од оваа година, продажбата е падната за 10 %.
И покрај тоа што бројките покажуваат раст на продажбата на луксузни и возила со електричен погон во Европа, се очекува вкупната продажба на сите автомобили годинава или да се намали или да стагнира. Како причини се наведуваат влошената економска состојба и растечката инфлација.
Порталот Пари анализира кои автомобили биле најпродавани и колку заработиле ТОП петте застапници во автомобилската индустрија.
Минатата година, петте најголеми увозници на автомобили направиле промет од речиси 186 милиони евра, а тоа им донело профит од нешто над 10,7 милиони евра. Во 2020 година, истите овие компании направиле промет од речиси 130 милиони евра, или дури 56 милиони помалку од лани.
Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.