Медиагуру Еуропе Лимитед ДООЕЛ Скопје е името на новата компанија со индиски капитал основана во Скопје, која ќе работи во ИТ секторот. Според објавата на Централниот регистар новата компанија е основана со основен влог од 10.000 евра. Сопственик на Медиагуру Еуропе Лимитед е Санџај Кумар од Индија.
Основна дејност на компанијата е останати услуги во врска со информатичка технологија и компјутерите. Со фирмата во Скопје ќе управува Санџај Бхандари.
emagazin.mk