Над 700 играчи од 32 земји ќе учествуваат на 22. Светско првенство во фудбал што годинава ќе се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември.
ФИФА издвои 440 милиони долари кои ќе бидат распределени на репрезентациите учесници на завршниот турнир.
Врз основа на распределбата на паричните награди, селекцијата што ќе стигне до полуфиналето во Катар ќе заработи повеќе од победниците на Светското првенство во 2006 година.
Еве преглед на сумите пари што ќе ги освојат тимовите врз основа на нивниот пласман на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Како што пренесува „Еј-Би-Си“, победникот на СП 2022 освен трофејот, ќе добие и парична награда од 42 милиони долари.
Колку ќе заработат репрезентациите?
– Победникот, 42 милиони долари
– второпласираниот, 30 милиони долари
– за трето место, 27 милиони долари
– за четврто место, 25 милиони долари
– од 5 до 8 место, 17 милиони долари
– од 9 до 16 место, 13 милиони долари
– од 17 до 32 место, 9 милиони долари
извор: slobodenpecat.mk