Откако првично информираше дека во наредните две недели ќе бидат испорачани учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, Министерството за образование и наука (МОН) прати корегигирано соопштение. Во него информира дека до крајот на месецов ќе заврши испораката на 70 отсто од учебниците за овие одделенија.
– Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. До крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70% од учебниците за овие одделенија. Станува збор за целосно нови учебници, изработени согласно новите наставни програми и тие ќе ги заменат наставните материјали кои ги користат најмалите ученици и кои им беа поделени пред почетокот на учебната година, а ја обработуваат материјата за првото тримесечје. Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование. Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции континуирано ќе продолжи да вложува во нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес – се вели во корегираното соопштение од МОН.
Наставниците, на редовните родителски средби за крај на првото тромесечие, ги информираат родителите дека ако од идната недела не стасаат учебниците, ќе треба или да диктираат или сами да сперемаат материјали за децата да има од каде да учат.
Учениците во овој период учеа од книга во која се сместени делови од сите предмети и таа требаше да е замена за учебниците што требаше да ги добијат.
извор: novamakedonija.com.mk