Изгледа дека денес не може да се замисли живот без лифтови, посебно ако живееме или работиме во згради кои имаат голем број на катови.
Сигурно сте се возеле со лифт многу пати, но не ги знаете овие занимливости за нив.
1. Речиси сите при излегување од лифтот се погледнуваме во огледалото кое е внатре за да провериме дали фризурата и шминката ни се добри, а многумина огледалото во лифтот го користат и за правење на селфи.
Меѓутоа, дали знаете која е иницијалната замисла за поставување на огледала во лифтовите?
Порано многу луѓе избегнувале возење со лифт, што од страв, така и поради нивното, бавно движење. Имено сметале дека лифтот треба да се движи побрзо, а самото забрзување на истиот би чинело многу, па произведувачите во лифтовите почнале да ставаат огледала. Луѓето биле фокусирани на гледање на својот одраз, а се помалку од нив обраќале внимание на брзината. Постигнатата е илузија на брзина, бидејќи многумина мислеле дека лифтовите се движат побрзо, а нивната брзина останала иста.
2. Сигурно во своето окружение имате барем едно лице кое има страв од лифтови и избегнува возење со нив. Тие луѓе најчесто имаат проблем со клаустофобија – анксиозно нарушување кое подразбира страв од затворен или тесен простор.
Но, дали сте знаеле дека дури 10 проценти од светската популација има проблем со клаустофобија?
Поставувањето на огледалата во лифтовите има за цел да им помогне на луѓето со ова анксиозно нарушување: се создава впечаток за поголем простор, а одразот во огледалото исто така го намалува стравот – имаме чувство дека не сме сами.
3. Уште една занимливост која е поврзана со функцијата на огледалата во лифтовите. Имено, според тврдењата на психолозите, присуството на огледала има позитивно влијание на патниците и придонесува за почитување на општоприфатените норми на однесување.
Многу луѓе чувствуваат непријатност кога се со непознати луѓе во лифт. Огледалото создава чувство на безбедност дека ги следиме движењата на оние кои се возат со нас.
4. Дали знаете која држава го држи Гинисовиот рекорд по бројот на лифтови? Станува збор за популарната „чизма“ – Италија.
5. Дали знаете каде настанал првиот лифт? Според одредени историски податоци, предокот на денешниот лифт се појавил уште во третиот век пред новата ера. Станува збор за дрвена конструкција која се кревала до одредено ниво со помош на јаже кое од другата страна го влечеле животни или луѓе. Лифтот кој со својот изглед потсетувал на денешните се појавил кон средината на 19-тиот век. Со настанувањето на овој лифт било овозможено и откривањето на парната машина.
Елајџа Отис, американски пронаоѓач, во Њујорк во 1853-та година прв пат демонстрирал лифт со комплетна безбедносна опрема која се активира ако се скине јажето за кое е прикачена конструкцијата на лифтот. Осум години подоцна, Отис го патентирал првиот лифт на пареа.
6. Првиот електричен лифт со работа почнал во Балтимор во 1887-ма година.
7. Сите оние кои се плашат од лифтови, се движат на подвижни скали кога таму нема „обични“. Дали сте знаеле дека лифтовите се 20 пати побезбедни од подвижните скали?
8. Уште една тактика која се применува за да се смират патниците кои чувствуваат страв од лифтови е музиката. Музиката во лифт прв пат се појавила во 1920-тите години.
9. Сега малку интересна статистика – просечен корисник на лифт дневно со него патува по 4 пати, а еден лифт носи 20.000 луѓе годишно.
10. Во највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа во Дубаи, лифтот се качува до 163. кат и покрива далечина од 504 метри.