Вработен во Твитер реши да го сними моментот кога си заминува од компанијата по давањето отказ, како многу негови колеги, кои по доаѓањето на Маск на чело на платформата, не го поддржаа неговиот ултиматум.
Имено, Маск ги услови вработените „да работат хардкор, или да си заминат од компанијата“, ултиматум кој за многумина од Твитер беше неприфатлив, а тука се вброи и Мет Милер чие видео достигна над милион прегледи.