Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто.
Новиот буџет на италијанска влада ќе изнесува 30 милијарди евра и ќе биде насочен кон ограничување на цените на енергијата. Во италијанскиот парламент утре ќе се расправа за предлог - буџетот, а се предлага и укинување на ДДВ-то за леб, млеко и тестенини за една година.
Со овој потег италијанската Влада се обидува да испрати порака дека се грижи за најсиромашните граѓани за време на криза, но опозицијата и здруженијата за правата на потрошувачите предупредуваат дека тоа е популистички и многу генерален предлог кој не ги таргетира најсиромашните, туку ги таргетира и најбогатите.
Според податоците на италијанскиот национален институт за статистика (Истат), просечно семејство во Италија годишно троши 261,72 евра за леб, 140,40 евра за тестенини и 142,08 евра за млеко. Во случај на укинување на ДДВ, вкупната годишна заштеда е 21,56 евра. Италијанците би заштедиле 10,7 евра за леб, 6,90 евра за млеко и 5,40 евра за тестенини, покажуваат податоците на Истат.
Од најавеното намалување на ДДВ не се задоволни ниту пекарите во Италија. Поради високите трошоци за материјали, состојки и енергија тие веќе ја покачија цената на лебот за 10 до 12 отсто.