Работодавците се подготвуваат за најголемиот годишен скок на платите во последните 15 години. Тие имаат намера да ги зголемат буџетите за плати за 4,6% во 2023-та година
Голем број компании големиот скок на буџетот за плати го припишуваат на два фактори – инфлацијата и стеснетиот пазар на труд.
Со вкупната инфлација во САД на 7,7%, секое покачување кое вработениот го добива под тие нивоа, ефективно значи дека ќе заработува помалку бидејќи со неговата плата нема да купи толку многу.
Колку ќе се зголемат платите?
Работодавците имаат намера да преземат голем број пристапи за зголемување на платите на своите вработени во 2023-та година.
21% ќе го преиспитаат нивниот целокупен пакет за компензација за да се осигураат дека ќе ги задржат вработените.
17% ќе ги зголемат, а 12% планираат и 12% разгледуваат преструктуирање и намалување на бројот на вработени.
Распределбата на самото зголемување на платите се очекува да биде нерамномерна. Некои работници ќе забележат многу поголем пораст на месечната плата од просечната. Тоа ќе зависи од повеќе фактори – перформансите и моменталното пазарно вреднување на работната позиција.
Извор: denar.mk