Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост го објави најновото истражување според кое бројот на лажни уреди е во значителен пораст. Имено, утврдено е дека фалсификувањето на технички средства во рамките на ЕУ, годишно го скратува буџетот за околу 60 милијарди евра.
Според официјалниот извештај, во 2016 година преку границите на ЕУ минале вкупно 41,3 милиони фалсификувани уреди во вредност од 670 милиони евра. Од нив 1 059 855 се мобилни телефони, вклучувајќи ги и нивните делови.
Овој тренд не е актуелен само во Европската Унија, туку и во целиот свет. Ова го покажуваат и податоците на Организацијата за економска соработка и развој, според кои во 2017 година секој петти мобилен уред во светот е лажен.
За да ја препознаете разликата во однос на тоа дали купувате оригинален или лажен уред, мора да имате вешто око бидејќи на прв поглед, оригиналот и фалсификатот изгледаат идентично.
Детален преглед на уредот, како и проверка на неговиот IMEI број, се најефикасните начини да се препознае кој телефон е оригинал, а кој копија.
Исто така, можете да ја посетите и интернет страницата Spot a fake phonе, а наједноставeн начин за да бидете сигурни дека сте купиле оригинален урад е да работите со овластени застапници кои ќе ви доделат и гарантен лист.