Пензионерите од утре ќе може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Готовинската исплата на пензии за пензионерите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29.11.2022 година (вторник); за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 30.11.2022 година (среда); за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 01.12.2022 година (четврток) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши на 02.12.2022 година (петок).
Извор: vecer.press