Нашиот партнер MojPosao, најголемиот портал за вработување во Хрватска веќе 15 години им овозможува на компаниите во Хрватска брзо и лесно да откријат колку нивните вработени се задоволни на работа.
Ова е можно со спроведување на Истражувањето за задоволството на вработените, кое е дизајнирано од MojPosao, а отсега е достапно и во Македонија, како нова платформа – Pulser.mk.
Станува збор за истражување кое се спроведува преку стандардизиран прашалник кој дава длабинска анализа на целокупната слика за задоволството и ангажираноста на вработените во компанијата. Покрај стандардните прашања, компанијата може да го дополни прашалникот со различни филтри и дополнителни прашања по желба.
Со платформата Pulser.mk, Вработување добива кредибилитет да одбере работодавач на годината врз основа на добиените оцени од вработените. Компанијата која ќе биде најдобро оценетета од своите вработени ќе се закити со титулата Најдобар Работодавач во Македонија.
За оваа престижна награда ќе можат да се натпреваруваат сите компании од Македонија кои ќе го спроведат истражувањето за задоволството на вработените. Доделувањето на наградата ќе биде во март 2023 година, а тимот на Вработување веќе ги прави првите подготовки.
Како изгледа изработката на наградата во Хрватска, можете да погледнете во видеото подолу.
Сакате учествувате во изборот за Најдобар работодавач за 2022 година и да дознаете колку вашите вработени се не/задоволни од работата во вашата компанија? Контактирајте нè и закажете состанок!
телефон: 070356813 | email: karolina@vrabotuvanje.com.mk