Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители
Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-38539/1 од 24 ноември 2022 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС
за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
1. Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители, од кои:
1.1.Три (3) извршители на определено време во траење од 1 година:
‒ 2 извршители на работното место „пожарникар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување и
‒ 1 извршител на работното место „помлад преведувач I степен“ во Отсекот за превод и лектура во Кабинетот на гувернерот.
1.2.Три (3) извршители на определено време во траење од 2 години:
‒ 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Отсекот за сметководствени политики и финансиско известување во Дирекцијата финансии, сметководство и контрола;
‒ 1 извршител на работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско-материјални и пресметковни работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола и
‒ 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за планирање на ликвидноста во Дирекцијата за операции на финансиските пазари.
2. Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
3. Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
‒ за работното место „пожарникар почетен I степен“ во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување: да имаат завршено средно образование, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер, да поседуваат теоретски и практични познавања за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да имаат психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита и да поседуваат уверение за стручно усовршување за пожарникар и лиценца за физичко обезбедување.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните теоретски и практични познавања од противпожарна заштита и физичко обезбедување.
При склучување на договорот за вработување, кандидатите може на сметка на Народната банка, да бидат испратени на здравствен преглед заради проверка на нивната психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита.
‒ за работното место „помлад преведувач I степен“ во Отсекот за превод и лектура во Кабинетот на гувернерот: да имаат завршен факултет од областа на филолошките науки – албански јазик и книжевност, со најмалку 180 кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат потребно знаење за превод од македонски на албански јазик и обратно, на документи и материјали за потребите на Народната банка, познавање на релевантна стручна терминологија, знаење за употреба на програмски пакети за работа со компјутер во деловниот процес и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на македонскиот и албанскиот јазик.
‒ за работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Отсекот за сметководствени политики и финансиско известување во Дирекцијата финансии, сметководство и контрола: да имаат завршен факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, финансии и сметководство и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на сметководството.
‒ за работното место „помлад сметководител почетен II степен“ во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско-материјални и пресметковни работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола: да имаат завршен факултет од областа на економските науки, со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, сметководствени работи и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на сметководството.
‒ за работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за планирање на ликвидноста во Дирекцијата за операции на финансиските пазари: да имаат завршен факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на монетарната политика, финансиски пазари и банкарство, познавање на англиски јазик и работа со компјутер.
4. Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
‒ пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;
‒ кратка биографија;
‒ препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи;
‒ доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
‒ потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
‒ диплома или уверение за завршено образование;
‒ доказ за работен стаж задолжително за работното место од точката 1 потточка 1.1. алинеја 2, а за останатите работни места од точката 1 само доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат) и
‒ кандидатите за работните места од точката 1 потточка 1.1. алинеја 1 и потточка 1.2. алинеја 1 и 2 треба да достават доказ за познавање на англискиот јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик) и доказ за познавање работа со компјутери (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери), а за работното мест од точка 1 потточка 1.1. алинеја 2 само доказ за познавање на англискиот јазик.
Сите докази може да бидат доставени во копија.
5. Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 потточка 1.1. алинеја 2 и потточка 1.2. започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
Работното време во работната недела за работното место од точка 1 потточка 1.1. алинеја 1 е организирано во 2 смени по 12 часа дневно, од кои првата смена започнува од 7,00 часот и завршува во 19,00 часот, а втората смена започнува во 19,00 часот, а завршува во 7,00 часот.
6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1. алинеја 1 и потточка 1.2, кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци за работното место од точка 1 потточка 1.1. алинеја 1, односно 12 месеци за работните места од точка 1 потточка 1.2.
Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.1. алинеја 2, кој за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
7. Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
8. Висината на основната (нето) плата:
‒ за работното место пожарникар почетен I степен во Рефератот за физичко и техничко обезбедување (ФТО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување изнесува 20.827,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 9.250,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 14.795,00 денари;
‒ за работното место помлад преведувач I степен во Отсекот за превод и лектура во Кабинетот на гувернерот изнесува 44.647,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.769,00 денари;
‒ за работните места помлад сметководител почетен II степен во Отсекот за сметководствени политики и финансиско известување, помлад сметководител почетен II степен во Рефератот за финансиско и материјално сметководство во Отсекот за финансиско-материјални и пресметковни работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и помлад аналитичар почетен II степен во Отсекот за планирање на ликвидноста во Дирекцијата за операции на финансиските пазари изнесува 35.081,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 17.986,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 24.819,00 денари.
9. Рокот за доставување на документите изнесува седум работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
11. Ненавремената документација нема да биде разгледувана.
12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.
Огласите можете да ги најдете на следниот ЛИНК