Од денеска се очекува да почне намалувањето на цените на одредени прехранбени производи поради одлуката на Владата со која производителите на храна ќе добијат субвенционирана цена за електричната енергија.
Одредени маркети имаат залихи од претходно. Од четврток треба да почне намалувањето на цените. Производителите на прехранбени производи од четврток ќе почнат да им нудат на маркетите нови цени кои се намалени согласно одлуките за субвенционирана електрична енергија.
Најавени се и засилени контроли од страна на Пазарниот инспекторат, а граѓаните се задолжени доколку забележат злоупотреби кај трговците, да ги пријават.
извор: biznisinfo.mk