Претседателот на СРГ Франк - Валтер Штајнмaер за време на својата посета на земјава беше гостин во DRӒXLMAIER фабриката во Кавадарци
Како дел од агендата во рамки на дводневната посета на земјава, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ја посети компанијата DRӒXLMAIER Македонија како eден од најголемите работодавачи кај нас.
Штајнмаер беше дочекан од страна на Потпретседателот на одборот и Главен Извршен Директор на Групацијата Стефан Брандл и од Генералниот менаџер на DRӒXLMAIER Македонија Лукас Мирингер по што заедно ги посетија производствените капацитети во фабриката во Кавадарци. Со тоа претседателот доби јасна слика за сите производствени процеси преку кои на DRÄXLMAIER локацијата во Кавадарци се произведуваат производи за различни модели на возила од премиум сегментот.
Клучен фактор за поддршка на економскиот развој на земјата
Од самото основање од 2012 година, DRӒXLMAIER Македонија воспостави успешна и долгорочна соработка со повеќе од седумстотини домашни компании кои значително придонесоа за успешното работење на компанијата во однос на исполнување на водечките интернационални стандарди, креирање на компетитивна средина и препознавање и квалификување на нови технологии и добавувачи.
Успешно имплементирано дуално стручно образование според германски стандарди
Топ 100 добавувачот во премиум сегментот на автомобилската индустрија во земјава успешно го воведе моделот на дуално стручно образование според германски стандарди. На овој начин, во тесна соработка со образовните институции од регионот DRÄXLMAIER, преку реализација на практична настава во специјализираната училница во рамки на фабриката дава постојан придонес во обуката на идните специјалисти. За време на посетата, претседателот ја посети училницата и имаше можност лично да разговара со практикантите.
DRӒXLMAIER партнер на регионот
Потпретседателот на одборот и Главниот Извршен Директор на Групацијата DRӒXLMAIER и Генералниот менаџер на DRӒXLMAIER Македонија го информираа претседателот и за бројните проекти од областа на образованието, спортот, културата како и проекти за унапредување на јавното здравје и социјални проекти коишто во изминативе години од своето постоење, DRӒXLMAIER како семејна компанија, ги реализираше заедно со своите вработени. Со тоа DRӒXLMAIER Македонија се етаблира како сигурен партнер на регионот и заедницата кадешто делува.
Во моментов Dräxlmaier вработува:
Технички персонал во одржување - Куманово
Junior Communication Specialist - Кавадарци
Auto Cad Specialist - Кавадарци