27 годишен маж во скоро 2 часот наутро купил 300 iPhone телефони од познатата Apple продавница на Петтата Авенија во Њујорк. Според информациите, не било првпат тој да купи ваква голема количина на телефони, а тоа го правел со цел да ги продава подоцна преку неговиот бизнис. Во тој период биле достапни и попусти поради „црниот петок“, па јасна е одлуката за купување, но не и зошто толку касно во вечерта.
Сите телефони биле ставени во три торби, по што тој се упатил кон неговиот автомобил. Во тој момент друг автомобил застанал од кого излегле луѓе кои му ги побарале торбите.
Човекот не сакал да ги даде, па напаѓачите успеале да земат една торба од трите притоа удирајќи го неколку пати.
Вредноста на украдената торба се проценува на околу 95.000 долари, а случајот секако бил пријавен во полиција.
Непознатиот маж можеби во иднина ќе размисли за времето од денот кога купува ваква количина на телефони или нарачката можеби во иднина ќе ја прави онлајн.