Недостигот од работна сила ги следи сите гранки, а анализите покажуваат дека можеби најголемиот проблем е градежниот сектор кој со години ангажира работна сила од целиот свет. Состојбата не е поинаква во регионот, а со слични проблеми се соочуваат и развиените земји од Европа.
Работодавците од Хрватска истакнуваат дека ангажираат работници од Египет, Непал, Индија, Молдавија и Украина, додека во Србија најмногу од Турција. Во Австрија, пак, работната сила доаѓа од Авганистан, Сирија, Ирак, Иран, па дури и од Чеченија.
Од горенаведеното произлегува дека никогаш во светот немало толку многу работа, а, и толку малку работници, затоа следува сосема логично глобално прашање - каде исчезнаа работниците?
Нема доволно работници за одредени индустрии, сосема е нормално да се ангажираат работници од странство, а моментално најголем дел се во градежништво. Се очекува оваа состојба наскоро да се најде и во угостителската индустрија. Исто така и во земјоделската и прехранбената индустрија. Никој повеќе не сака да работи физичка работа, без разлика на плата. Повеќето од работниците се од Турција бидејќи не мора да имаат виза, но се очекува дека во иднина работниците ќе се појават и од Индија, Пакистан, Бангладеш, Непал, Куба.
Каде се исчезнатите работници?
Се наведува дека недостигот на работна сила е демографски проблем со кој се соочува цела Европа, доколку се споредува со ситуацијата што била актуелна во 1960-тите.
Во тој периодот на 1960-тите се отвориле огромен број работни места. Но, денес, кога сите овие работници се пензионираат и исчезнуваат од пазарот на трудот, значително помалку генерации доаѓаат од училиштата, што значи дека Европа не може да ги одржи своите економски активности со таква негативна демографска слика и мора да се соочи со „увозот“ на работна сила“.