Српскиот министер за одбрана ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок и најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на истиот, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.
- Враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни. Немирни сме кога имаме поплава или пожар и не знаеме како да реагираме. Кога зборуваме за враќање на воениот рок, не зборуваме за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти, нагласи министерот за одбрана.
Тој смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.
извор: press24.mk