Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот
Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.
Оваа година К-15 треба да биде 12 740 денари и мора да се исплати до крајот на месецов. Казните за фирмите се високи.
Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.
Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годишeн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес. Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена годiшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес. Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци. Оваа година таа сума треба да биде 12.740 денари.
За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4 000 евра, од кои од 2 000 до 3 000 евра за компанијата и од 500 до 1 000 евра за одговорното лице во неа.