Директорот на Клиниката во Ниш пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави несекојдневна иницијатива.
По ова, веќе се испратени и официјални писма на адресите на Министерството за здравство, Републичкиот фонд за здравствено осигурување и раководството на Универзитетската болница Ниш, со барање до да одобри дополнителна работа и да ги обезбеди потребните потрошни материјали.
Лекарите на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, Србија, предложија од Нова година без никаква наплата да вршат кардиохируршки операции и зафати во сабота и недела за целосно да се елиминира листата на чекање, која во моментов има 130 пациенти!
„Нивната желба беше на овој начин да им помогнат на нашите пациенти за што побрзо и навреме да бидат оперирани, бидејќи на кардиохируршките листи пациентите умираат чекајќи операција“, вели проф. д-р Милиќ, додавајќи дека на овој начин сакале да ѝ се оддолжат и на државата која инвестирала во нивното образование.
Според последната ревизија на списокот на пациенти, од 130 лица кои чекаат операција, четворица починале. Не сакаме да ни плаќаат за тој дополнителен труд, туку конечно да се ослободиме од тие листи на чекање и да ги немаме тие трагични приказни што ни тежат“, објаснува проф. д-р Милиќ.
„Предлагаме за оваа вонредна работа да не добиеме никакви дополнителни часови, стимулација, ниту некаков финансиски надоместок, само да ни овозможат да работиме и да ни дадат доволно потрошен материјал бидејќи оваа година имавме многу проблеми со набавката на материјали.
Тој ги повика колегите од другите клиники, како во Универзитетската болница во Ниш, така и во Србија, кои имаат листи на чекање, да се приклучат на оваа иницијатива.
ПРОЧИТАЈТЕ: Дојде време кога плочкарите заработуваат повеќе од лекарите
извор: biznisvesti.mk