Mercedes-Benz планира да изгради фабрика за целосно електрични комбиња во јужниот полски град Јавор, објави компанијата.
Овој чекор, во согласност со реорганизацијата на компанијата на европската производствена мрежа, „означува нова пресвртница во нејзината трансформација во обезбедувач на локална мобилност со нулта емисии“, се вели во соопштението.
Според изјавите од прес-конференцијата во Варшава, која се одржа со полскиот премиер Матеуш Моравјецки, компанијата има намера да инвестира повеќе од една милијарда евра во следните неколку години во фабрика која ќе биде фокусирана на производство на целосно електрични комбиња.
„Воспоставената локација му овозможува на одделот за возила за испорака да ги оптимизира трошоците и синџирот на снабдување, како и енергетско ефикасно производство на комбиња од новата генерација“, објави компанијата.
„Одлуката за локацијата и конкретната реализација на проектот сепак зависи од конечното исполнување на различни рамковни услови, вклучително и доделување грантови за инвестирање во Јавор“, додаваат тие.
Мерцедес има фабрика за мотори во Јавор со повеќе од 800 вработени.
Во меѓувреме, американскиот производител на електрични автомобили Rivian ги одложиле своите планови за заедничко производство на комбиња со Mercedes-Benz. Иако партнерството беше објавено во септември, Ривиан моментално се фокусира на други проекти, објавија и двете компании.