Есенцијално прашање на денешницата – но не станува збор за религија, туку за фудбал. „Каков е Вашиот став за Светското фудбалско првенство во Катар? Да се гледа или да се бојкотира?“
Вклучување на телевизорот или игнорирање? Уживање во натпреварите или протест? Несогласувања и различни мислења во семејствата, меѓу колегите. Смее ли човек да ужива во Мундијалот, наспроти сите политички контроверзи околу турнирот?
Жестока критика на стадионите на Бундеслигата
Во германските стадиони се чини владеат различни мислења: СП во Катар се одбива, видни беа транспаренти со пароли и плакати кои ги истакнуваа многумина навивачи во последните недели низ цела Германија. Смртните случаи меѓу работниците мигранти и хомофобното законодавство во земјата-домаќин се ставени на тапет.
Но, Катар за многумина критичари симболизира нешто уште повеќе: опасниот пат по кој тргна модерниот фудбал. Шеици и сомнителни инвеститори, корупција и голема распродажба на душата на фудбалот, за сето тоа за многумина симбол е токму Катар. Сето тоа може да наиде на одбивање, што е разбирливо.
Но, едноставно да се игнорира фудбалот, како воопшто да не се случува најголемиот спортски настан во светот? Пред Светското фудбалско првенство во 2018 година во Русија имаше исто така замерки, но не и повици за бојкот.
Секоја кафеана, кафуле, секој навивач може да донесе своја одлука и да предизвика слаба гледаност, која ќе ја погоди и ФИФА. Но, ако Германија и можеби северна Европа донесат лоши квоти на гледаност, другите региони можат да ги изедначат бројките. ФИФА одамна е во потрага по нови пазари, за што само условно може да биде прекорена.
Арапскиот свет заслужи Светско првенство, но каде?
Одамна постои потреба од одржување Светско фудбалско првенство во арапскиот свет. На ФИФА за тоа ѝ требаа преку 90 години. Критиките за „зимскиот Мундијал“ и непостоечката фудбалска традиција во Катар се евроцентрични, некои ги сметаат и за западна надменост. Регионот заслужи еден Мундијал.
Прашања за за иднината!
Каде ќе почне да се "рони" инсценирањето на ФИФА, која уште сега турнирот го прогласи за „најдобар на сите времиња“? Како на овој Мундијал и на толку истакнуваната тема на Западот за човекови права гледаат јужноамериканските и азиските навивачи? Дали Емиратот навстина ќе ја искористи оваа шанса, како што предвиде Бастијан Швајнштајгер во интервју за Дојче веле? Дали е во прашање политика или само забава, на овие прашања потребно е да се даде дециден одговор!
извор: dw.com