Практичната страна на користењето на клима уредот во зима вклучува, меѓу другото, одмаглување на прозорците, што ја подобрува видливоста и безбедноста.
Прочитајте кои се најгневните луѓе во Европа
Меѓутоа, климата бара одржување, па затоа треба повремено да се вклучува кога тоа не е неопходно за ваша удобност – во постудените денови и во зимските месеци.
Ако не го користите клима уредот во зима, тоа може негативно да влијае на животниот век на уредот, бидејќи само со редовна работа заптивките и компресорите остануваат добро подмачкани.
Редовната употреба го спречува и ширењето на мувла и бактерии во затворен простор, а ја намалува влажноста..
Во многу автомобили со автоматска климатизација, компресорот на климата автоматски се вклучува кога ќе почнете да возите за да ја отстрани влагата од воздухот.
Извор: denar.mk