Секторот за внатрешни работи во Тетово извести дека продолжува со континуирани контролни активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот во Полошкиот регион.
Вчера (14 декември) од 8 до 12 часот спроведена е акциска контрола на пешаци, во која вкупно биле откриени и санкционирани 46 прекршоци (Тетово-28 и Гостивар-18). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини.
На сите пешаци-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, а ќе бидат повикани и на таканаречена сообраќајна поука, со напомена дека глобите зависно од видот и карактерот на прекршокот се движат од 20 до 50 евра во денарска противвредност, информира полицијата.
Покрај ова, биле санкционирани уште 5 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово уште еднаш со апел до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат на улиците и патиштата на кои нема обликувани тротоари. На возачите,пак, им се укажува секогаш задолжително да им даваат предност, односно првенство на пешаците и да не ја доведуваат нивната, но и сопствената безбедност.
извор: gostivarpress.mk
ПРОЧИТАЈТЕ: Пешаците се најранлива категорија во сообраќајот, но некој треба и нив да ги дисциплинира