37 годишната Рејчел Коверт од Масачусетс, САД се кае што многу порано не ја донела одлуката која во потполност ѝ го сменила животот. Како што наведува, би сакала порано да можела да ја смени кариерата и да работи нешто помалку стресно или пак да започне сопствен бизнис.
Сепак, нејзиното искуство покажува дека никогаш не е доцна, па така денес може да се нарече „дигитален номад“ кој патува каде што ќе посака и колку сака, откако се „пензионирала“ во своите триесетти години.
Сега, се што ѝ овозможило да дојде до целта, го споделува со нејзините пријатели, но и следачите на Тикток за да и тие можат да постигнат финансиска слобода како неа.
Правилото 4 %
Како што раскажала, додека растела, нејзините родители биле многу штедливи – живееле во стара куќа, ги возеле автомобилите додека не се расипат и задолжително јаделе дома, пишува Jutarnji.hr.
Дипломирала моден дизајн во 2007 година, но тешко успевала да најде работа поради економските осцилации на пазарот. И додека малиот прилив на приходи бил доволен за да преживее, знаела дека мора да направи нешто ако сака да заработи повеќе.
Откако ѝ бил дијагностициран рематоиден артритис, сфатила дека времето е најскапоцената вредност која што ја поседува, па одлучила да ги инвестира парите следејќи го правилото „4 %“.
Ако можете да живеете со 4 % од својата вкупна нето вредност и ги вложувате парите на пазарот, можете да проживеете околу 30 години од својот живот. Најважна работа е колку се вашите трошоци на живот по година. Кога го знаете тој број, можете да го помножете со 25, а резултатот ќе биде она што се нарекува ваш „сигурен број“ за вашата финансиска независност и предвремено пензионирање – раскажува Рејчел.
Сега работи 75 % од „регуларната“ работна недела, но вели дека би сакала независноста да ја стекнала порано.
Би сакала кариерата да можев да ја сменам порано и да работам нешто помалку стресно или да започнам сопствен бизнис. Во мојата сегашна работа толку уживам што не ја гледам како товар. Сфатив дека поентата не е во тоа да не работам, туку да најдам работа која ќе ме направи среќна и ќе ми овозможи да растам, но и флексибилност – вели таа.
Предолго заглавив бидејќи стравував од големи промени и чекав додека до моментот кога немав многу пари. Пензионирањето не е моја цел, поентата е пронаоѓање на финансиска стабилност и флексибилност.
Трошете ги парите за да ги заработите
Рејчел верува дека се е во позитивниот начин на размислување.
Ако верувате дека можете да се збогатите со читање на книги или да се запознаете со начинот на кој размислуваат богатите, тоа е достижно. Но само доколку верувате дека можете. Морате да ги разберете своите цели и зошто работите на тоа да ги остварите, бидејќи ако немате цврст пат, нема да стигнете до целта. Исто така, треба да имате малку трпение. За мене ова беше патување од 14 години, од кои во последните седум навистина заглавив – вели таа.
Со одложувањето на финансиската слобода на неделно ниво, си ставате дополнителна година работа до пензионирање – додава таа.
Таа верува дека парите треба да се вложуваат на повеќе полиња за профитот да се зголеми двојно.
Тоа е ризична игра, но вложувањето на мали износи во текот на долг период може да ви помогне да го зголемите приходот за во иднина. Не морате да бидете Ворен Бафет за да бидете успешен инвеститор. Одличен почеток е вложување во нешта како евтин индексен фонд – појаснува Рејчел.
Наведува дека наједноставниот пристап најчесто е и најдобриот кога е во прашање вложувањето.
До ден денес вложувам во евтини индексни фондови и тој пристап и понатаму е најздравата и најверодостојната стратегија за градење на богатство и за просечно лице и за богато.