Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува делницата Петровец – Катланово да биде завршена наредната година, а автопатот Кичево – Охрид да се заврши во предвидениот рок до 31 декември идната година.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, Бочварски образложи зошто се пролонгира рокот за изградба на автопатот Петровец – Катланово, посочувајќи дека изведувачот не го дал посакуваниот прогрес и поради тоа договорот бил раскинат. Бочварски информира дека новата јавна набавка е завршена, избран е изведувач и истиот е воведен во работа.
Во однос на автопатот Кичево – Охрид, министерот посочи дека го прават притисокот истиот да се заврши во предвидениот рок – 31 декември 2023 година.
извор:Lider