Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) следната недела треба да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јануари до 30 јуни идната година.
АД ЕСМ вчера и завчера ги достави понудите на тендерите за цената на електричната енергија по која „ЕВН Електродистрибуција” ќе ги покрива загубите во дистрибутивниот систем и за цената за „ЕВН Хоум” за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, а в понеделник треба да ја достави понудата за цената за покривање на загубите во преносниот систем на МЕПСО.
ЕСМ понудиле 56, место досегашните 48 евра за мегават час за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар на повикот на „ЕВН Хоум”, а завчера 110 евра за мегават час, место досегашните 143 евра на повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на „ЕВН Електродистрибуција”.