Голем дел од граѓаните најлудата ноќ ќе ја дочекаат дома и со скромни трпези.
Прочитајте за Шеик одбил да купи стан од 100 милиони долари, немало доволно лифтови за неговите сопруги.
Семејството е пред се, а ќесето ќе го одврзат малку повеќе од вообичаено, колку што им дозволува буџетот. И покрај високите цени за прасечко месо ќе има, велат пред камерата на Канал5. Долго најавуваното намалување на цените на производите велат речиси не го чувствуваат.
Не изостанаа ниту очекувањата на граганите од политичарите, од кои најчесто посакуваат да имаат поголем слух за реалните потреби
2022 година ја испраќаме со зголемени трошоци за живот и просечна нето плата од 32553 денари. Државниот завод за статистика согласно последните податоци бележи зголемување на индексот за животни трошоци во ноември 2022 година во споредба со претходниот месец, а најмногу поскапеле жестоките пијалаци, месото и рибата, додека цените на млекото и прехранбените производи останале непроменети.