Регулаторната комисија за енергетика денес ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.
Во петокот, РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот се зголеми за 2,50 денари, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство за 3,00 ден/лит. Цените на бенизните и мазутот останаа непроменети.
Ова се актуелните цени на горивата:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 39,370 (денари/килограм)