Скијањето е скап спорт, планината уште поскапа како соочување. Кога мислиме скап спорт не мислиме на скијање во Маврово или Крушево. Нема импровизации за комфор, безбедност и соодветен престој на планина и скијање осебно во зони на големи планинин, Шара, Кораб, Караџица, Пелистер и високи алпски ски центри.
Изборот што да спакувате за секаков вид бегство може да биде предизвик, но пакувањето за патување со скијање и борд е особено тешко бидејќи ќе бидете надвор во зимски услови, на високо, каде времето брзо се менува. За да бидете сигурни дека ќе пристигнете на дестинацијата со се што ви треба, ги користиме нашите искуства за планинарски патувања и список за проверка што можете да го користите за време на процесот на пакување.
Облека и опрема за скијање/борд:
• Основен слој (долги ракави долна облека и хеланки мерино волна или backup поевтина варијатна dryfit-полиестери, не памук )
• Среден слој (мерино или синтетичка јакна, полар, елек или микрофлис пердуф обрнете внимание да се лесно дишливи посебно микрофлис)
• Надворешен слој hardshell , водоотпорна горна облека, 20.000mm + или GoreTex, Dermizax , по можност дизајнирана за скијање или сноуборд. Имате генерално две поделби hardshell за ски центар и hardshell за повеќе часови offpiste, фрирајд и турно скијање.
• Водоотпорни ракавици, комбинација од кожа, goretex, мерино
• Кацига (задолжително, соодветна величина според препорачани мерки на производителот)
• Челна ламба, астро фолија, мал сет прва помош
• Капа (тенка мерино или стандард полиестер)
• Балаклава, бандана (покривање на лицето и вратот при студени ветровити услови)
• Чорапи за скијање/борд (најдобри се непамучни, односно мерино или dryfit, по еден пар на секои два дена на планина)
• Наочари за сонце и маска со УВ заштита, категорија 3 или 4
• Ужинка, енергетски барови, јаткасти плодови и сушено овошје
• Крем за сончање со SPF 30-50
• Делотворната маст од невен или стандард крем за усти со заштитен фактор
• Скии, сноуборд, чизми, стапчиња, секогаш точни според димензиите на стапалото, ни пола бројка повеќе, помалку
• Ранец за низ ски центар до 20 литри
Апрес-ски облека, не би навлегувале во вашиот стил за после работа (скијање) , но:
• Топли сомотски пантолони или планинарски пантолони се подобри од фармерки или нешто слично, заедно со хеланки мерино или полиестер сте завршиле работа комплетно и за минус 30
• Планинарски чизми можеби најпаметно решение, ски центрите секогаш се полни со снег, а често и врне, особено ако сакате да уживате во зимските активности на отворено и низ населбите. Повеќето барови, ресторани се за нормални туристи, освен ако не сте Џемс Бонд па на вечера после скијање одите со Ролс Ројс.
• Топли чорапи
• Термо дуксер или волна
• Јакна секако истите оние кои ги користите и за скијање