Божиќните честитки наскоро ќе почнат да пристигнуваат во поштенските сандачиња на најсериозните сообраќајни прекршители во Естонија, објави естонската полиција и агенција за гранична заштита.
Во однос на минатата година, бројот на приматели на честитки е помал за 150. Оваа бројка се намалува веќе втора година.
Шефот на сообраќајната полиција го изрази своето задоволство што честитките секоја година пристигнуваат на сè помалку адреси.
„Целта на црната божиќна честитка е да ги поттикне сообраќајните “хулигани” да размислуваат за опасноста од нивните постапки. Овогодинешните добитници на честитки свесно и намерно ги прекршиле сообраќајните прописи и на тој начин постојано ги ставале во опасност своите и животите на другите. Поради таквото невнимание однесување, некој може да умре во сообраќај“, вели тој.
Најтежок сообраќаен прекршител за оваа година е маж роден 1999 година, кој бил казнет дури 19 пати. Седум пати управувал технички неисправно возило, четири пати без појас, три пати ја надминал дозволената брзина, еднаш го препуштил воланот на лице без право на управување, возел во спротивна насока, управувал нерегистрирано возило и сторил и други полесни прекршоци.
“Се надеваме дека црната картичка пронајдена во поштенското сандаче ќе ги поттикне луѓето да размислат дали сакаат да бидат тие што ќе ги загрозат своите и животите на другите следната година”, велат властите во Естонија.
Најголем дел од примателите на „честитки“ се мажи родени од 2000 до 2004 година, а само само 18 од нив се жени.