Продажбата на новогодишните туристичките аранжани одамна е започната. Бројни се и понудите за соседна Србија, каде најчесто се бараат аранжманите за Златибор и за познататата Врњачка Бања.
Цените се минимално покачени пред се поради поскапите енергенси, велат од туристичкиот сектор.
На Златибор капацитетите веќе 90% се пополнети за новогодишната ноќ, но сепак може да се најде уште некој слободен кревет.
За три ноќевања на Златибор ќе платите од 300 – 750 евра. Во аранжманите од околу 700 евра влегува храната, користење на спа центрите, ски опремата...
Се почест избор на Македонците е и познатата Вршачка Бања каде може да се најде пакет од три ноќевања по цена пониска од 500 евра за апартман за целото семејство.
Најчесто ја бираат поради лековитите својства на миниералните води и природата во која може да се ужива.
Во регионот околу Врњачка Бања имате можност да уживате во убавините на многубројните манастири, старите цркви и тврдини, културно-историските споменици, планинските излетишта, убавите реки... Падините на Гоч се прекриени со густа букова и четинарска шума, стебла со сливи, лозја и бројните полиња со малини.
извор: skopjeinfo.mk