Украсувањето на центарот на Скопје почна пред неколку дена откако на плоштадот беа поставени голема елка, мини забавен парк и куќарки каде што ќе се продаваат новогодишни производи, но засега не е познато дали и каква програма ќе има за новогодишната ноќ.
Градоначалничката на Град Скопје кажа дека ќе организираат прес-конференција на која ќе ја соопштат програмата за пречекот на Новата година, а веќе почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да ги забавува граѓаните.
Би можело да ве интересира: Колку ќе ве чини прослава за Нова година - Цени повисоки и до 70%
Само десетина дена пред Нова година, оние кои сакаат традиционално да ја дочекаат новата 2023 на плоштад, не знаат дали ќе има било каква програма. Поставена е елка на плоштадот Македонија, како и куќарки, но информации околу дочекот нема.
Како што објави „Фокус“, на плоштадот во Скопје наводно ќе пее Елена Ристеска, иако за такво нешто нема потврда ниту од Град Скопје, ниту од пејачката, па останува да видиме во следните денови дали ќе биде објавена конечната програма.