Работата од дома стана опција за милиони вработени после пандемијата, но многумина од нив не работат на биро и ја немаат таа придобивка. Се согласувате?
Новото меѓународно истражување ја открива фрустрацијата на фабричките и медицинските работници, возачите, продавачите, рестораните и другите кои мораат постојано да одат на работа.
Boston Consulting Group (BCG) наведува дека симптомите на таканареченото исцрпување на работното место првенствено ги изразуваат помладите луѓе, кои опширно размислуваат за промена на професијата.
BCG, која редовно ги истражува темите за вработување и работна средина, анкетираше 4.668 вработени во Франција, Германија, Велика Британија и САД во октомври.
53 отсто од испитаниците, велат дека се чувствуваат целосно исцрпени. Процентот во Германија е нешто помал и изнесува 48 отсто. BCG не прецизираше споредба со вработените кои работат од дома.
Големи 43 проценти од оние кои не работат на бирото се подготвени да ја сменат работата, иако само шест проценти од нив - во Германија пет - активно бараат нова работа. Најнезадоволни се оние кои работат во малопродажба, здравство, транспорт и логистика.
Ниската плата – главен проблем
Централната точка на незадоволството е иста во сите четири држави, само процентите се разликуваат - ниска плата. Просекот е 38 отсто, а во Германија незадоволните од заработката биле за еден процент помалку.
BCG проценува дека други фактори често ги поттикнуваат вработените да бараат нова работа. Имено, за мнозинството од нив е важно да чувствуваат дека нивниот работодавач ги цени и се однесува праведно со нив.
Три петтини од анкетираните изјавиле дека се задоволни од своето вработување.
На ЛИНКОТ погледнете ги сите слободни позиции за работа во Транспорт и Логистика!
Поделено е мислењето за прашањето за ефектот на пандемијата врз оценката на сопствената работа: 28 отсто од испитаниците се понезадоволни од пред три години, а 15 отсто го изјавиле спротивното.
Дали вие сте задоволни од условите на Вашето работно место?