За околу 270 илјади средношколци и основни, од кои околу 20 илјади основниц денес започнува новата учебна година
За родителите кои имаат прваче и се вработени во јавниот сектор законот предвидува право на слободен работен ден.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, вработениот има право на платен одмор од еден ден за првиот училишен ден на своето дете.
Согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Вработените во приватниот сектор ова можат да го остварат само со претходен договор од сопственикот, односно одговорното лице во претпријатието во кое работат.
Од друга страна, новата учебна година почнува и со повисоки плати за вработените во основното и средното образование. Зголемувањето е пет проценти, а вработените ќе почнат да го добиваат со исплатата на септемвриската плата.