Прочитајте: Изгласани се петте најубави земји во светот, на кое место е Македонија?
Taste Atlas ја објави листата на 100 најдобри јадења во светот за 2022 година, според оцената на над 100.000 луѓе низ светот.
Меѓу првите 100 традиционални јадења нема ниту едно македонско, но затоа ќебапите од Босна и Херцеговина се најдоа на 64 место, а српската плескавица на 99 место.
Така, означено е дека најдобри ќебапчиња има во ќебапчилницата Тима-Ирма во Мостар, додека плескавицата е највкусна во Тостер Бар во Нови Сад, Србија.
На листата претежно доминираат јадења од Турција, Италија, Грција, Јапонија и други земји.
Од 100 најдобри јадења во светот, ова се првите 10:
1. Kare (Јапонија)
2. Picanha (Бразил)
3. Amêijoas à Bulhão Pato (Португалија)
4. Tangbao (Кина)
5. Guotie (Кина)
6. Phanaeng Curry (Тајланд)
7. Ceviche mixto (Перу)
8. Ghormeh sabzi (Иран)
9. Cağ kebabı (Турција)
10. Pollo a la brasa (Перу)
Извор: kajgana.com