Освен што претставуваше основна форма на транспорт и не врзува со многу спомени, Yugo и денес привлекува внимание иако престана да се произведува во 2008 година. Дизајнерот Дејан Христов демонстрираше како ја замислува електричната верзија на Yugo со модерен дизајн.
Прочитајте Американците „полудеа“ по Yugo: Сè повеќе се бара, цените вртоглаво растат
Дизајнерот Дејан Христов го трансформираше Yugo во модерен електричен автомобил. Познатите карактеристични линии на автомобилот на автомобилот се задржани и „стегнати” во варијанта со модерен и спортски изглед. За неговите рендери, одбра познати споменици од поранешна Југославија во Крушево, Скопје, Марибор, Белград, Никшиќ и други градови.
Бидејќи Yugo важеше за пристапен автомобил, кога концептот би станал реалност, би го отворил патот за поевтини електрични автомобили наменети за широките народни маси. Електричните автомобили се скапи во земјите без субвенции, па ваков модел би помогнал електричните автомобили да станат „мејнстрим”. И не само тоа, Христов сака електричното Yugo да стане реалност, па планира своите планови да и ги презентира на владата во Србија.
„Земајќи во предвид дека компонентите за првото Yugo се произведуваа ширум поранешна Југославија, можно е компанијата Rimac Automobili од Хрватска да учествува во овој проект”, вели Христов.
Според него, поврзаноста на Fiat со првото Yugo може да биде фактор за да се вклучи компанијата Fiat Chrysler Automobiles Србија во развојот на новиот модел.