Германски град во кој не се плаќа во евра, а има и два повикувачки броја. Неговиот градски фудбалски клуб е единствениот германски тим кој може да заигра во швајцарската лига. Ова се само неколку занимливости кои се поврзани со Бусинген.
Опкружена со Швајцарија, но ѝ припаѓа на Германија, малата енклава Бусинген ам Хочрхеин (Büsingen am Hochrhein) функционира одвоено со векови. Источната граница на ова гратче со околу 1450 жители се наоѓа на околу 700 метри од остатокот на Германија, но економски, е дел од Швајцарија, со која го споделува сето она што се наоѓа надвор од Европската унија.
Без разлика на тоа, во Бусинген важат германските закони и власт. Жителите германскиот јазик го зборуваат како Швајцарците, плаќаат со швајцарски франци, но имаат германски данок кој пак е повисок.
Поделеноста е најочигледна во ресторанот Валдхеим, кој има означена линија која го одвојува германскиот дел од швајцарскиот. Па така, гостите во овој ресторан после швајцарската шницла, можат да се напијат германско пиво во другиот дел од просторијата, во друга држава.
Бусинген има два повикувачки телефонски броја така што нема да погрешите ако свртите +49 или +41, телефонот во германското гратче ќе заѕвони. Освен тоа, градскиот фудбалски клуб е единствен германски тим кој може да заигра во швајцарската фудбалска лига.
Доколку сакате да го посетите овој идиличен град, од Цирих до Бусинген ќе ви биде потребно околу еден час со воз или десетина минути со автобус од Шафхаузен.