Во училиштето во селото Добрево во близина на Пробиштип, во 2012 година, учеле вкупно 11 ученици.
Ова би можело да ве интересира: По 6.480 денари за речиси 29.000 студенти!
Постепено, бројот на дечиња се намалил на осум, сè додека во училиштето не останало само едно детенце, за да денеска, ученичките столчиња се сосема празни, а школото – под клуч. Училиштето во Добрево не е единственото во земјава во кое реалноста е ваква. Поради тоа што нема деца, односно поради низок наталитет и иселување, затворени се десетици училиштата низ државата, нешто што е видливо посебно во Источна Македонија.
Ако во учебната 2011/2012 година во Северна Македонија имало 986 училишта, за десет години оваа бројка е намалена на 973. Ова значи дека за една деценија се затвориле 13 училишта, несметајќи ги овде подрачните училишта во руралните средини, бидејќи Државниот завод за статистика (ДЗС) ги брои училиштата кои се централни/матични.
Статистиката покажува дека имаме сè помалку ученици во државата. Но, бројот на наставници кои стануваат дел од образовниот систем, расте.
„Се намалува брјот на ученици во одделението или класот, тоа по автоматизам значи зголемување на бројот на паралелките. А aко се зголемува бројот на паралелки, се зголемува и бројот на наставници“, вели Герасимовски.
Ова е и регионален тренд кој се јавува во повеќето од земјите од Западен Балкан. Ако се анализираат демографските движења во земјите во регионот, ќе се забележи дека насекаде трендот е негативен. Во Бугарија, Хрватска, Србија исто така има негативен природен прираст на населението.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: meta.mk