Од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,67%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката во следните две недели цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде повиска за 1,00 денари и ќе изнесува 72,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 ден/лит и согласно со тоа истите ќе изнесуваат ЕУРОСУПЕР БС-98 74,00 ден/лит, цената на дизелот ќе биде 64,50 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство 53,00 ден/лит.
Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,951 ден/кг и со тоа ќе изнесува 34,004 ден/кг.