Љубителите на зимскиот период, снегот и сите авантури што ги носи, ги дочекаа своите 5 минути бидејќи зимата официјално започна. Време е да се подготвите за едно од најважните годишни патувања – зимување.
Покрај најтоплиот костум за зимски спортови, опрема за скијање и сноубордот, неизбежна е крема за сончање, како и камера за снимање на снежните авантури. Овие четири основни ставки се за успешна акција на планина, но важно е да се размислува и за вториот дел од денот, кога, сепак полни со адреналин, се враќаме дома и кога е време за одмор и дружба. Без разлика дали сте пар, со друштво, со семејството – откако сите ќе се загреете и одморите од акцијата низ шумата, собирањето со забава за целиот тим е ставка што не може да се прескокне.
Имаме уште еден, совршен предлог за вашата листа на задолжителни предмети што треба да ги земете на ски патување, што овозможуваат феноменална забава за целата група. Понесете прожектор, уред кој совршено се вклопува во просторот, лесно се пакува и транспортира насекаде и ќе направи да се чувствувате како да сте во кино.
Понесете со вас и друштвени игри кои ќе ви овзоможат добра забава.
Книга задолжително бидејќи сигурно ќе имате и моменти кога ќе сакате да си посветите време сами на себе.