Во Италија се размислува по најтешките несреќи трајно да им се одземаат возачките дозволи на виновниците. Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт, планира да ги измени прописите за патниот сообраќај и сака построги казни за возење под дејство на алкохол и дрога по серијата тешки несреќи во последните денови во кои загинаа млади луѓе.
„За најтешките случаи треба да се размислува за доживотно суспендирање на возачката дозвола. Доколку некој свесно вози под дејство на дрога или пијан, предизвикувајќи сообраќајни несреќи, смртни случаи и повреди, не е доволно да му се одземе дозволата за една година или две. Во такви случаи, доживотна суспензија може и треба да се смета за возачките дозволи“, рекоа надлежните.
Според HAK Review, Италија исто така планира да ги ревидира казните. Повисоки казни треба да плаќаат оние со повисоки примања, е планот на Министерството за транспорт.
Можеби ќе ве интересира: Kазни според заработката: Кој има поголема плата да плати повеќе!
Во првата половина на 2022 година, бројот на сообраќајни несреќи во Италија нагло се зголеми. Од јануари до крајот на јуни 2022 година се пријавени 81.437 сообраќајни незгоди што е зголемување за 24,7 отсто во однос на истиот период од 2021 година.
Во сообраќајни несреќи животот го загубиле 1.450 лица, што одговара на зголемување од 15 отсто во однос на првата половина од 2021 година.
извор: vesnik.com